вторник, октомври 22, 2024
домаЕднаш дневно: САЈБЕР КРИМ - ГОЛОТИЈА

Еднаш дневно: САЈБЕР КРИМ – ГОЛОТИЈА

Она што со сигурно го знам од “прва рака”, слушнато на Светски форум директно од устата на челниците и првите луѓе на интернет мрежите, е дека оваа слобода еден ден ќе е скроз контролирана и регулирана.
Всушност, таа и сега е, и вие кога се вклучувате целата правна регулатива со кои е регулирана (без да читате) ја прифаќате со едно „accept“. Кој ви е виновен што не читате што кликате. Потписот е ставен, или по народски кажано “рајберот е турен”.
Ако не сфативте што значи тоа еве ќе ви преведам. Тоа значи дека овој експеримент, на слободно користење на социјалните мрежи, не е даден како што вас ви се чини, како “телиња слободно пуштени на пасење на ливада”, и дека сето тоа е собирање на податоци за Вас. Поточно речено- профилирање.
И тоа не е нешто што ќе заврши во еден ден или во мигот на вашето одлогирање од нив, тоа е нешто што за вас ќе остане како службена информација за државата во која живеете. Засекогаш. Зошто, тоа што вие го правите  во слободно време, тоа сте вие. А имате таму ваша „ај пи“ адреса и тоа е главниот доказ.
Оттука да ви кажам, ако сега не е видливо и не се казнува вашето воајерско дивеење по интернетов, еден ден може да има консеквенци. Што можете таму? Таму можете да објавите ваши податоци, ако сакате, ваши фотографии, ваше мислење. Но, во моментот кога посегнувате по туѓи, вие сте крадец фатен во кражба. Секоја фотографија, секоја мисла, се е тоа кражба. Тоа е криминал!
Да, мислам на “Јавна соба”, каде се украдени куп фотографии и лични податоци. И експонирани на начин на кој сопственикот /сопственичката не ги експонирал. Значи, украдено и презентирано од крадецот. И сега е смешно, и слатко за многумина, но може да загорчи, верувајте ми на зборов.
Ја изоставам можноста дека некој родител може да пресуди некому, затоа што посегнал по безбедноста на неговата ќерка. Ја оставам отворена можноста да сфатите дека државата може да го стори тоа, кога ќе и се овозможи или кога ќе сака. А со држава, знаете, зафрканција нема.
Жената /мажот, на било која возраст, од тинејџер нагоре, приватно на камера во инбокс во директна комуникација, или во живо може да му се соблече кому сака, да го прикаже своето тело, дел од своето тело или својата голотија. Затоа на тој дел не се ни осврнувам. На таа лична слобода, на векот во кој живееме, на тоа човеково право.
Но, намерно да се изложуваат туѓи фотографии за да се поттикнува говор на омраза, голотија, педофилија, бламирање, исмејување, атак, вознемирување тоа е кривично дело. И тука очекувам МВР да си ја заврши работата како што треба и како што очекува целата јавност. Без оградување. Без немо набљудување од страна.
Зошто рековме, човекот е тоа на што го троши  своето слободно (сајбер) време. Тоа потоа во прв даден момент се претвора во реалност. А она воајерство врз млади тела, најчесто и неполнолетни, сигурна сум знаете дека може да повлече потенцијална педофилија. И силувања! Во реалност.
Затоа, МВР, Ве молам веднаш акција и реакција!
ПАРГО
Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на TEXT.MK. Редакцијата на TEXT.MK се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ