Кинеската социјална платформа „ТикТок“ од денес го блокира пристапот за деца на возраст под 13 години, а вештачка интелигенција ќе ја потврдува возраста на корисниците во иднина. Компанијата ја донесе оваа одлука по смртта на десетгодишно девојче од Палермо, кое изврши самоубиство со бесење во предизвикот „Блекаут“.
Италијанското тело за надзор ќе ја процени ефективноста на мерките објавени од „ТикТок“, пренесе АНСА.
По смртта на девојчето на 21 јануари следеше случај на 48-годишна жена од Сиракуза, Сицилија, која беше испрашувана за наводно поттикнување самоубиство со објавување на видео на „ТикТок“. На него се гледа како маж и жена виткаат леплива лента околу устата и носот, во друг „Блекаут“ предизвик.
Истражителите, во меѓувреме, ја проширија истрагата за смртта на девојчето, поставувајќи прашања до „Фејсбук“ и „Инстаграм“ за отворање сметка на нивните платформи.
Компанијата на Марк Цукерберг соопшти дека ќе соработува во целост.
Што се однесува до влијателната тиктокерка од Сиракуза, полицијата откри дека објавила повеќе снимки, со чија помош достигнала 730.000 следбеници (од различна возраст). Тие следат околу 20 опасни предизвици, вклучително и вдишување на крем низ носот, затворање на очите со клешти и инсценирано кршење на раката со тенџере за готвење. Сите предизвици ги изведувала жена од Сиракуза, а нејзините снимки биле отстранети. А.Н.