Пациент се фрлил од прозорец од првиот кат на болницата „8 Септември“ и починал. Како што неофицијално се дознава, станува збор за повозрасен пациент кој бил хоспитализиран неколку дена во ковид центарот и имал психички проблеми.
Преземени биле реанимациони постапки, по што дежурна екипа во 7 часот и 30 минути утринава констатирала смрт.
ДСЗИ прави надзор на лице место и телото е предадено на обдукција. По завршувањето на инспекцискиот надзор се најавуваат повеќе информации.
Ал.Н.