Министерот за надворешни работи, Оливер Спасовски на својата официјална фејсбук страна објави апел до родителите да внимаваат на користењето на социјалните мрежи од страна на малолетни лица. Во неговата објава тој вели:
„Апелирам за внимателно користење на социјалните мрежи. МВР од страна на Интерпол доби информација дека на профили на социјалната мрежа „Тик Ток“ во Русија и Израел се забележани повици за самоповредување на малолетни лица. Апелирам до граѓаните, особено до родителите да обрнат внимание на активностите на своите деца на социјалните мрежи. Спорeд досегашните сознанија, вакви повици нема од профили на наша територија ниту од околните држави, но апелираме на будност и надзор со цел да се избегнат било какви несакани случувања.„
Само колку за потсетување во последниве неколку недели имаше неколку примери на случаи на (само)убиство на малолетници кои се поврзуваат со т.н. предизвици кои како задача ги поставуваат на социјалните мрежи.
А.Н.