Пишува: Валентина Ѓоргиевска Парго
Д-р Зоран Гулев, доктор по ветеринарна медицина, зборува за правата на уличните животни и одговорноста на човекот за околината што го опкружува
Покрај луѓето на земјата постои растителен и животиснки свет или обично се милува да се каже ФЛОРА и ФАУНА. Живи суштества се сите подеднакво: растенијата, животните и човекот. На највисок степен на еволутивен развој е човекот како најинтелегнтно суштество кое може да извршува исклучително комплицирани умствени операции. И ако човекот е најпаметниот, во никој сучај не значи дека треба да прави што сака со растенијата и животните. Според биологијата целиот жив свет на земјата е поврзан еден со друг и секој вид има право на свој живот.
Без разлика дали се наоѓа на планина, во море, во река или некој вид живее во урбана средина како што се на пример кучињата и мачките кои се и домашни миленици, а исто така во голем број ги има и на нашите улици. Тие имаат право на храна, вода, здравствена заштита и достоен живот без разлика дали имаат сопственик или немаат и се улични. Никако не значи дека треба да се омаловажува нивниот живот бидејќи живеат на улица.
Ако го имаме на ум погоре наведениот факт, дека човекот е најинтелегентен и на највисок степен на еволутивен развој, тој не смее да се справува со уличните животни физички со тепање или не дај боже со труење или застрелување. Човекот треба да го користи умот за да најде решенија како на хуман начин да се справи со проблемите кои настануваат од животните. На пример: ако се случи куче да нападне човек, тоа не значи дека треба да се отрујат сите улични кучиња, туку спротивно, дека треба поголема грижа за истите. Грижата за уличните кучиња ја има локалната самоуправа и таа е надлежна за нивно згрижување.
Од друга страна, грижата за кучињата што имаат сопственик е на товар на сопственикот. Ако некој се нафати да чува куче или друг миленик, тогаш тој човек одговара за однесувањето на својот миленик. Доколку во ваков случај миленикот, најчесто куче, нападне човек, тогаш за ова одговара сопственикот на миленикот. За да се знае кој одговара за кој миленик, се прави обележување на милениците и воопшто на сите животни. Ова се прави со вметнување на микрочип подкожно. Сопствениците на миленици не треба воопшто да се плашат од оваа постапка. Тој процес изгледа како нивниот миленик да прими една инекција. Микрочиповите се тотално безопасни за животното. Не зрачат ниту се распаѓаат во организмот. Миленикот еднаш се чипира и чипот останува во животното до крајот на неговиот живот. Исто така ова игра улога и во пронаоѓање на изгубени миленици, со докажување на сопствеништво на одреден поединец доколку изгубениот миленик има чип.
*************
Што да се прави со уличните животни кои нападнале луѓе?
Овде ќе ги поставам прашањата: А што да се прави со луѓето кои нападнале животни или луѓето што нападнале луѓе?
Реално постои опасност од секого и секаде. Апсолутно се согласувам дека постои опасност за луѓето да бидат напднати од животни. Не велам не. Но како што наведов погоре, на тоа не треба да се гледа како грешка на животните, туку како грешка на човекот. Ова ќе го поткрепам со фактот што го споменав на почетокот од моево излагање: Човекот е најинтелигентоното суштество на земјата и тој треба да ја понесе одговорноста за него и за целокупната негова околина што го опкружува.