Денеска з а 14 часот е закажана прес конференција на премиерот Зоран Заев, министерот за здравство Венко Филипче, заменик минситерот Илир Хасани претседателот на Комисијата за заразни болести Жарко Караџоски, на која се очекува да бидат официјално соопштени новите превентивни мерки за заштита од коронавирусот. Во меѓувреме се очекува Владата да ги прифати предлозите за целосно затворање на кафеаните и кафулињата и полициски час од 20 до 5 часот.
Ваквата одлука следува по зголемениот број на новозаразени и смртни случаи од Ковид-19, како и преоптовареноста на болничките капацитети. Како што се дознава мерките треба да почнат важат од утре.
Само колку за потсетување угостителските објекти работеа до 21 часот, а полицискиот час започнуваше од 22 часот и траеше до 5 часот наутро.