Валентина Ѓоргиевска Парго, акредитиран новинар на Евровизија 2021
Во втората полуфинална вечер на Евровизија, на 20 мај, во Ротердам, настапија претставници од 17 земји, а влез во финалето обезбедија Португалија, Албанија, Србија, Бугарија, Молдавија, Исланд, Сан Марино, Швајцарија, Грција.
Втората вечер ја отвори Сан Марино, а потоа настапија Естонија, Чешка, Грција, Австрија, Полска, Молдавија, Исланд, Србија, Грузија, Албанија, Португалија, Бугарија, Финска, Латвија, Швајцарија и на крај претставниците на Данска.
Во втората вечер настапи Србија, која заедно со Албанија, Швајцарија и Данска беа единствените земји кои пееја на сопствениот јазик.
Дента пред второто полуфинале еден од членовите на претставници на Исланд испадна позитивен на корона и поради ригорозните правила на годинашната Евровизија (на која беа тестирани сите кои настапуваа, а и публиката во салата Ахој), целиот бенд замина во изолација, а беше пуштена нивната изведба од пробата од 13 мај. И на финалето ќе се емитува снимката од пробата.
Во финалето, автоматски, како секоја година настапуваат директно влегуваат Франција, Англија, Шпанија, Италија, Германија како и Холандија како победник пред две години. Финалето ќе биде емитувано на МТВ утре сабота 22 мај д 21 часот.
Македонскиот претставник Васил Гарванлиeв настапи во првата полуфинална вечер, но не се пласира во финалето.