Синоќа беа доделени наградите на овогодинешното издание на филмската ревија „Златна рамка“ која е во организација на Друштвото на филмски работници на Македонија.
Во пригодна коктел забава уживаа успешни филмаџии и филмски работници, а награди им беа доделени на Јовица Михајловски, за актер со особен придонес кон македонската кинематографија, Тонкица Митровска, за автор со особен придонес кон македонската кинематографија и Трајче Величковски, за филмски работник со особен придонес кон македонската кинематографија.

