Освен мерката 14 дневен карантин за патниците од Индија, сега за сега нема дополнителни рестриктивни мерки на границите. Комисијата за заразни болести утрово не препорачала дополнителни рестриктивни мерки, а се ште нема податоци дали делта сојот е проширен или не во нашата земја.
„Се дискутираше за Делта сојот во земјава, регионот и светот. Ги следиме препораките на СЗО и ЕУ. Нема конкретни одлуки, но состојбата се следи внимателно.“, е ставот на Комисијата.
Делта сојот веќе е регистриран во неколку земји од регионот како во БиХ, Грција и Србија, а во нашава земја до сега имаше само 2 позитивни случаи со Делта сојот и тоа кај две лица кои се вратиле од Ирак.
А.Н.