петок, декември 20, 2024
домаТехнологијаКомпјутериВладата ќе постави бесплатен безжичен WiFi на одобрени локации од интерес за...

Владата ќе постави бесплатен безжичен WiFi на одобрени локации од интерес за туристите

Владата ја усвои информацијата за обезбедување бесплатен државен WiFi на отворени јавни површини, назначувајќи го Јавното претпријатие „Национална радиодифузија” – Скопје, како носител на реализацијата на проектот.

„ До крајот на оваа, 2021 година институциите кои ги споменав треба да подготват листа на локации и површини каде да се има бесплатен државен WiFi, а потоа другите надлежни инстутиции ќе започнат постапка и до крајот на април 2022 треба да имаме точни информации за локациите каде ќе има WiFi.“изјави Мухамед Хоџа – портпарол на Владата.

Јавното претпријатие „Национална радиодифузија” – Скопје во соработка со Министерство за информатичко општество и администрација, Национална канцеларија за бродбенд компетентност и Агенцијата за електронски комуникации треба да одржат јавни состаноци со заинтересираните оператори и локалните самоуправи за реализацијата на обезбедувањето бесплатен безжичен WiFi на одобрените локации од интерес за туристите.

.

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ