Денеска, нешто по 15 часот, голем број на граѓани, кои имаат примено две дози вакцина, и ја имаат инсталирано commonpass апликацијата преку која се докажува дека сте вакцинирани, добија смс порака во која се вели следново:
„Почитувани, Ве известуваме дека вашиот ЕУ ДЦЦ сертификат е повлечен поради технички прилини. Ве молиме генерирајте нов преку профилот на вакцинација.мк„
Од ресорното министерство нема информација за што станува збор, а голем број граѓани кои во тој момент патуваа останаа без онлајн сертификатите. Имено, од денеска попладне апликацијата е нефункционална, па информацијата која ја има на вакцинација.мк е неточна. Онлајн апликацијата за андроид платформите е непостоечка, со што сите кои ја користеле како ЕУ зелен пасош, останаа со празни раце.
Граѓаните очекуваат нова информација што да прават со новиот ЕУ Сертификат, и прашуваат зошто стана нефункционална апликацијата за ЕУ ковид пасош?!
Ал.Н.