понеделник, ноември 18, 2024
домаЖивотЗдравјеСите бенефити на брокулата: Ги зајакнува коските, го штити срцето и штити...

Сите бенефити на брокулата: Ги зајакнува коските, го штити срцето и штити од воспаленија

Брокулата е вистинска суперхрана, а за да се постигне најголема можна искористеност на вредните хранливи материи, најдобро е да се јаде сирова или по многу кратко готвење на пареа.

Знаете дека брокулата е добра за вас, но можеби не знаете колку! Веројатно е една од најздравите намирници и прва што ви паѓа на памет кога ќе помислите на здрава исхрана, а сепак, не јадете доволно. Еве некои факти зошто оваа храна е толку здрава и важна, и треба да  ја конзумираме почесто.

Многу хранливи материи

Една чаша сирова брокула содржи само 25 калории, помалку од пет грама јаглени хидрати, не содржи масти и има неколку грама протеини. Но, брокулата е полна со хранливи материи – само една шолја варена брокула содржи 250 отсто од препорачаната дневна доза на витамин К, кој е важен за оптимална густина на крвта и здрави коски.

Истата порција содржи и 135 проценти од дневната потреба за витамин Ц, повеќе од 50 проценти од дневната доза на хром, минерал важен за метаболизмот и регулирањето на нивото на шеќер во крвта и повеќе од 40 проценти од дневната доза на фолат, витамин важен за меморијата и расположението.

Ако изедете шолја варена брокула, ќе добиете десет проценти од дневните потреби за витамини А, Б6, Б2 и Е, како и фосфор, манган, калиум и најмалку пет проценти од магнезиум, цинк, железо, калциум. …

Овој многу здрав зеленчук содржи и омега-3 масни киселини, кои имаат антиинфламаторно дејство и ја подобруваат циркулацијата.

Висока содржина на влакна

Фактот што една шолја свежа брокула содржи два или три грама влакна е многу важен за варењето и цревата, бидејќи влакната го поттикнуваат растот на добрите бактерии кои штитат од воспаленија, а се важни и за имунитетот и расположението.

Го штити здравјето на срцето

Срцевите заболувања се една од водечките причини за смрт, а брокулата го штити овој орган така што го намалува артериското оштетување кое предизвикува стврднување на артериите, а кое го зголемува ризикот од мозочен и срцев удар.

Го штити мозокот

Некои од хранливите состојки кои се наоѓаат во овој зеленчук го штитат здравјето на мозокот и неговите ткива и штитат од падот на функцијата на мозокот што доаѓа со возраста.

Ги зајакнува коските

Брокулата е единствена во овој поглед бидејќи содржи многу хранливи материи важни за јачината и густината на коските – витамин К, калиум, магнезиум, фосфор, калциум, железо, цинк, витамини А, Б и Ц.

Заштитува од воспаление

Не само што штити од забрзано стареење, антиинфламаторните својства на брокулата се поврзани и со намален ризик од хронични болести.

Природна детоксикација

Истражувањата покажуваат дека состојките на овој зеленчук помагаат во деактивирање на потенцијално штетните хемикалии во организмот, а помагаат и за нивно побрзо исфрлање од организмот.

Антиоксидативно дејство

Брокулата содржи антиоксиданси кои ја штитат кожата од ефектите на УВ зрачењето. Лутеинот и зеаксантинот во овој зеленчук исто така ги штитат очите и го намалуваат ризикот од катаракта и макуларна дегенерација, кои се двата најчести проблеми со очите. С.Х.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ