Русија го освои екипното злато во уметничко лизгање на Зимските олимписки игри во Пекинг, а натпреварот го одбележа настапот на 15-годишната Камила Валиева.
Таа е првата лизгачка во историјата која изведе целосен четирикратен скок, т.н квадрилуп во олимписка конкуренција! Претходно ова им успеа на други лизгачи, но никогаш во олимпиското натпреварување.
Оваа тинејџерка изведе два совршени четирикратни скока, проба и трет, но за жал падна. За овој фасцинантен настап, таа беше наградена со оценка од 178,92, што е околу шест поени помалку од нејзиниот светски рекорд.
Музиката со која ја изведе својата точка е познатото „Болеро“ од Морис Равел. А.Р.