Бенефитите од конзумирањето на киселата зелка, која традиционално се подготвува за зимскиот период во овој регион се бројни, но можеби има некои кои се помалку познати, па еве некои од нив. Ако страдате од надуеност, гасови и општа нерамнотежа на цревната флора, јадете кисела зелка. Оваа традиционална зимска храна е природен пробиотик, а особено се препорачува за оние кои пијат антимикробни лекови.
Киселата зелка помага и во варењето на масните оброци и го забрзува метаболизмот, што го забрзува излачувањето на штетните материи од телото и го чисти и регенерира црниот дроб. Ја чисти крвта, го забавува стареењето и ја зајакнува отпорноста на организмот.
Исто така го стимулира зараснувањето на раните, а делува и при ревматизам и воспаление на вените. Може да се користи локално за ублажување на чешањето на кожата поради разни алергиски реакции, а доколку ве боли главоболка, ставете лист од кисела зелка на челото и превиткајте го со газа.
Исто така, киселата зелка е извор на ниацин (витамин Б3), неопходен за клеточната енергија, метаболизмот, размената на материи во мозокот.
Нутриционистите особено им ја препорачуваат киселата зелка на постарите луѓе, бидејќи е добра не само за здравјето, туку и за подигнување на расположението. Затоа во зима треба секој ден да јадете салата од кисела зелка. Оваа храна содржи голема количина на витамин Ц, па затоа е идеална во борбата против вирусите и инфекциите карактеристични за овој период од годината.
Меѓу придобивките од киселата зелка спаѓа и тоа да го прави телото поотпорно на стрес, помага во создавање на црвени крвни зрнца, ја стимулира функцијата на клетките и делува подмладувачки, важна е за одржување на цврстината на коските и придонесува за обновување на истрошеното сврзно ткиво.