недела, ноември 24, 2024
домаЖивотСоцијална политикаТренчевска: Секоја иницијатива која има за цел унапредување на родовата еднаквост е...

Тренчевска: Секоја иницијатива која има за цел унапредување на родовата еднаквост е важна

Алијанса за родова еднаквост на работно место (Gender Equality Aliance- GEA), иницијатива на Асоцијацијата за е-трговија на Северна Македонија која се стреми за унапредување на родовата еднаквост на работното место, еднакви можности, еднаква застапеност и вреднување на трудот, беше промовирана денеска.  на .

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска која присуствуваше на промоцијата истакна дека министерството во моментов работи на подготовка на нови законски решенија, коишто ќе значат унапредување на родовата еднаквост во посебните области на општественото живеење.

„Интезивно работиме на Законот за работни односи каде што ќе биде директно транспорирана директивата на ЕУ за хармонизација на семејниот и професионалниот живот, што ќе значи дополнително унапредување на положбата на жената на пазарот на труд и подобрување на условите за работа на жените во процесите на работа. Исто така, работиме и на нов Закон за родова еднаквост кој ќе придонесе за зајакнување на механизмите за родова еднаквост на национално и локално ниво и унапредување на родовата перспектива во сите општествени текови“, рече Тренчевска.

Министерката истакна дека во духот на европските вредности, во рамки на ИПА проектот „Подобрување на условите за работа“, Министерството за труд и социјална политика објави јавен повик за финансиска поддршка на мали, микро и средни компании коишто ќе работат на промовирање на флексибилни работни ангажмани и мерки за усогласување на семејниот и професионалниот живот. Преку проектот се обезбедува финансиска поддршка за најмалку 6 компании коишто ќе промовираат родова еднаквост во рамки на нивната компанија. ​

Министерката изрази поддршка за воспоставувањето на Алијансата која како платформа ќе го обедини приватниот сектор и ќе биде партнер на Владата и Министерството за труд и социјална политика во креирањето на сите политики коишто се однесуваат за унапредување на еднаквоста, подобрување на условите за работа, еднаквата плата и праведни работни места за жените и за мажите во нашето општество.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ