недела, декември 22, 2024
домаЖивотБремена жена во Тексас оспорува сообраќајна казна: „Моето бебе се смета за...

Бремена жена во Тексас оспорува сообраќајна казна: „Моето бебе се смета за патник“

Бремена жена од Тексас планира да ја оспори сообраќајната казна што го добила за возење по лента што дозволува возила со најмалку двајца патници. Жената верува дека нејзиното неродено дете се смета за патник. Таа се повикува на строгата легислатива за абортус во Тексас, која смета дека нероденото дете е индивидуа, 6 недели по зачнувањето.

Бренди Ботоне била бремена во 34-та недела кога минатиот месец во Плано, Тексас, била запрена од полицијата бидејќи ја користела карпул лентата.

Во изјава за локална новинска станица Ботоне навела дека полицаецот ја запрел и ја прашал дали е сама во автомобилот, на што таа одговорила „не, двајца сме“. Полицаецот потоа прашал каде е нејзиниот сопатник. Трудницата покажала кон стомакот и рекла „тука“, но полицаецот не го прифатил тоа објаснување. „Неродено дете не се смета за патник“, одговорил тој.

„Со сето тоа што се случува, ова се смета за бебе“, изјавила Ботоне, мислејќи на дебатата за законот за абортус што моментално беснее во САД.

Двојни стандарди

На крајот на краиштата, кривичниот законик во Тексас го дефинира терминот „поединец“ како „живо човечко суштество, вклучително и неродено дете во која било фаза од бременоста, од зачнување до раѓање“. Меѓутоа, сообраќајниот закон не го признава бебето како поединец.

„Навистина мислам дека не е фер еден закон да вели дека е вака, а друг закон вели така“, изјавила Ботоне.

Полицаецот тврдел дека „поединецот“ не смее да биде во нејзиното тело и Ботоне на крајот била казнета со 275 долари. Таа планира да ја оспори казната на суд овој месец.

На 24 јуни, Врховниот суд на САД донесе одлука со која им се дозволува на 50-те држави поединечно да одлучат дали дозволуваат абортус. Во септември 2021 година, Врховниот суд гласаше против блокирањето на многу строг закон за абортус во Тексас. Законот, познат како Тексашки Закон за отчукување на срцето, забранува абортус шест недели по зачнувањето. Многу жени не ни знаат дека се бремени во почетните шест недели. Исто така, срцето на фетусот не чука во 6-тата недела. Според тоа, критичарите го оценуваат овој закон како неточен или погрешен.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ