среда, ноември 20, 2024
домаЖивотCOP 27: Завесата спуштена, но борбата за климатска правда продолжува

COP 27: Завесата спуштена, но борбата за климатска правда продолжува

Од нашиот специјален известувач од COP27, Наташа Доковска

Денес, на последниот ден од Самитот за клима, овде во Шарм ел Шеик, владите кои се состанаа на COP27 се согласија да основаат Фонд за загуби и штети. Ова е важен почетен чекор за донесување правда на милијарди народи, особено на глобалниот југ, кои претрпуваат екстремни суши, супертајфуни, поплави и пораст на нивото на морето. Оваа победа е пред се резултат на упорната борба на граѓанското општество и на граѓанските движења кои успеаја до раните утрински часови да ги алармираат развиените земји да одговорат за кризата што историски ја создале најбогатите економии.

„Овој исход не движи напред“, рече Сајмон Стил, извршен секретар на ОН за климатски промени. „Одредивме начин за напредување на деценискиот разговор за финансирање на загуба и штета – размислувајќи за тоа како да ги адресираме влијанијата врз заедниците чии животи и средства за живеење се уништени од најлошите влијанија на климатските промени“.

Борбата за Фондот за загуби и штети – три децении во тек – не беше лесна. И оваа година, на COP27, како и многупати досега, големите загадувачи како што се Соединетите Американски Држави и Европската Унија од самиот почеток се обидуваа да го блокираат создавањето на фондот и, за да ги заштитат своите интереси, се обидоа да го поделат единството на земјите во развој со заострени предлози.

Но, повеќе од јасно е дека COP27 не успеа да постигне напредок на критичната, меѓусебно поврзана агенда што би направила фонд за загуби и штети кој ќе биде навистина значаен за луѓето и заедниците од првите редови.

Фондот за загуби и штети е лек само за симптомите на климатската криза. За да се одговори на основната причина, глобалните северни земји треба да го преземат водството во постепеното отстранување на сите фосилни горива – вклучително нафтата и фосилниот гас – без прибегнување кон лажни решенија. Земјите од глобалниот север, исто така, мора да ги почитуваат своите извонредни заложби за финансирање на климата за да му обезбедат на глобалниот југ финансии, технологија и капацитет да се прилагодат на климатските промени и да прескокнат кон моделите за одржлив развој насочени кон луѓето, родово праведни. Светот веќе е на пат кон надминување на температурата од 2,8 степени Целзиусови, далеку над онаа што беше лимит од Парискиот договор. Економските и неекономските трошоци за загубите и штетите поради климатските промени само ќе станат потешки се додека глобалните северни земји ја одложуваат акцијата за нивната историска и правна одговорност.

Исто така, COP27 беше пропуштена можност да ги вклучи загубите и штетите како трет столб на Новата колективна квантифицирана цел (NCQG) за финансирање на климата. Воспоставувањето на таков столб ќе ја зацврсти финансиската цел за загуби и штети по 2025 година и во Конвенцијата на ОН за климатски промени и во Парискиот договор. Таквиот чекор би ги усогласил финансиските обврски за загуба и штета со клучните принципи на Конвенцијата за правичност, историска одговорност и заеднички, но диференцирани одговорности и соодветни капацитети, како и целта на Парискиот договор за ограничување на глобалната просечна температура на 1,5 степени Целзиусови.

Непотребно е да се каже дека ни претстои огромна битка. Фондот за загуби и штети треба да се операционализира, при што развиените земји ќе придонесуваат со својот фер дел од нови, дополнителни и соодветни финансии за фондот. Ќе продолжиме да се залагаме за фонд за загуби и штети достапни за сите земји во развој кои се ранливи на загуби и штети поради климатските промени. Фондот мора да биде заснован на грантови, без прикачени колонијални условувања. Заедно со пошироките народни движења и заедниците на првата линија, се обврзуваме да ја продолжиме борбата, внатре и надвор од COP, за климатска правда и промена на системот

Она што се смета за победа на граѓанските организации на COP 27 e враќањето на човековото право на сите за чиста, здрава и одржлива животна средина во резултатите од COP27. Имено, за само неколку часа, над 170 организации се приклучија на колективниот повик до Страните да ја вратат оваа референца за да се осигураат дека COP27 ќе се заснова на признавањето на правото од Генералното собрание на ОН ова лето.

Завесата на COP 27 е спуштена, аеродромите низ Египет се најфреквентните места, над 40 000 учесници се обидуваат да се вратат дома, но со идејата дека борбата за климастака правда продолжува и натаму. Се гледаме договодина во Дубаи, на COP 28!!!

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ