вторник, јануари 21, 2025
домаКрвав биланс по протестите во Бразил: Најмалку 46 повредени, повеќе од 400...

Крвав биланс по протестите во Бразил: Најмалку 46 повредени, повеќе од 400 уапсени

Најмалку 46 лица се повредени за време на протестите во Бразил, објави шпанскиот весник „20 минути“, повикувајќи се на податоци од болница во Бразилија. Весникот наведува дека шест лица се во тешка состојба, а на двајца од нив им била потребна итна медицинска помош.

Поддржувачите на поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро, кои од минатата година протестираат поради резултатите од претседателските избори, вчера на кратко ја окупираа зградата на Националниот конгрес на Бразил и Врховниот суд, како и претседателската палата во Бразилија.

Полицијата синоќа околу 20 часот по локално време ја врати контролата врз зградите. По вчерашните немири уапсени се повеќе од 400 лица.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ