домаМУНДИЈАЛ 2026Вистински шок за навивачите: Натпреварот Хрватска – Португалија меѓу најскапите на Светското...

Вистински шок за навивачите: Натпреварот Хрватска – Португалија меѓу најскапите на Светското првенство

Натпреварот помеѓу Хрватска и Португалија во шеснаесетфиналето на Светското првенство 2026 предизвика вистинска „трка“ по билети, а цените на секундарниот пазар достигнаа рекордни износи.

Според платформата Ticketdata, просечната цена на најевтиниот билет за дуелот во Торонто надминала 3.200 американски долари, што го прави овој натпревар најскап меѓу сите дуели во оваа фаза од Светското првенство.

Огромниот интерес се должи на повеќе фактори. Од една страна е можеби последниот настап на легендарниот Лука Модриќ на едно Светско првенство, а од друга страна е Кристијано Роналдо, кој исто така е во завршницата на својата репрезентативна кариера. Навивачите сакаат да бидат сведоци на можеби последната пресметка на две од најголемите фудбалски ѕвезди на модерната ера.

Дополнително, ФИФА годинава првпат примени модел на варијабилно формирање на цените, при што билетите поскапуваат зависно од интересот за натпреварот. Поради големата побарувачка, цените за најатрактивните натпревари достигнаа рекордни нивоа, а ФИФА повторно ги предупреди навивачите билетите да ги купуваат исклучиво преку официјалната платформа за да избегнат измами и препродажби.

На платформите за препродажба веќе може да се најдат билети и по значително повисоки цени, при што некои понуди надминуваат неколку илјади долари за едно место на трибините.

Ф.С.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ