Поради потенцијален ризик по здравјето на луѓето, Агенцијата за храна и ветеринарство соопшти дека се повлекува од пазар прибор за јадење изработен од бамбусови влакна.
Како што стои во соопштението објавено на 4 јануари, АХВ врз основа на добиена нотификација преку RASSF системот (со број 2023.00120), по извршена инспекциска контрола ги отповикува и повлекува од пазарот следните небезбедни производи:
-бамбус чинии
-бамбус чашки
-длабоки чинии
-чинии со прегради
-сетови
Како увозник на приборот за јадење од производителот ДОРЕЛ Франција, во РСМ е наведен „БЕБЕ ХОУМ ВИБ ДООЕЛ“ со адреса на Ул. Рампо Левката бр.6, Скопје.
Од АХВ апелираат крајните потрошувачи кои ги имаат купено горенаведените производи истите да не ги користат или да ги вратат на местото од каде се купени.
АХВ од пазар повлече небезбеден бамбусов прибор за јадење
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!