Две од најголемите болници во Њујорк останаа без медицински персонал бидејќи во понеделникот штрајкуваа повеќе од 7.000 медицински сестри. Штрајкот беше поради недостиг на персонал, пренесува Н1.
„Си-Ен-Ен“ објави дека штрајкови биле одржани во понеделник наутро на три локации во Медицинскиот центар Монтфиор во болницата Бронкс и Маунт Синај, откако разговорите меѓу болничките службеници и синдикатот пропаднале во текот на ноќта во неделата.
Синдикатите ја отфрлиле понудата за зголемување на платите за 19 отсто.
Ненси Хеганс, претседател на Здружението на медицински сестри во државата Њујорк, рече дека проблемите со персоналот се појавија за време на пандемијата и оттогаш не се решени, предизвикувајќи неодржлив сооднос медицинска сестра-пациент, понекогаш дури и еден од 20.
„Како медицински сестри, нашата главна грижа е безбедноста на пациентите“, рече Хеганс.
Недостигот на персонал и преоптоварените медицински сестри предизвикаа проблеми не само во Њујорк, туку и во медицинските установи ширум земјата. Хеганс, исто така, рече дека болниците не ги пополнуваат слободните работни места, истакнувајќи дека моментално има 760 во Медицинскиот центар Монтфиор.
Овие две болници на четири локации во Њујорк сочинуваат 16 отсто од сите болнички кревети во градот.
Штрајк на повеќе од 7.000 медицински сестри во Њујорк
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!