петок, декември 20, 2024
домаЖивотСценаДалчески запеа во народна носија

Далчески запеа во народна носија

Најново остварување во фолк музиката е песната “Жива е Македонија”, која нѝ доаѓа од изведувач од дијаспората.
Станува збор за Зоран Далчески, охридски иселеник во Америка, кој по извесна пауза, ја сними оваа тема.
Текстот го напиша самиот тој, музиката е на Златко Миладиноски, о е снимена во неговото студио.
Зоран Далчевски десеттина години е со музиката. Македонската јавност го запозна и со македонските традиционални песни но и со новосоздадените. А најмногу стана препознатлив по имиџот “а ла Елвис Присли”.
Тој ја воодушевуваше публиката и со облеката на Елвис Присли каде и да се појавеше.
Можеби токму таа му донесе и среќа. Зоран со неговата убава сопруга Јадранка Далческа и нивните близначиња Марио и Марија, сега живеат во Америка поточно во Чикаго.
Американците, вели, му се поклонуваат кога ќе помине по улица или на настап кога е во облеката на Присли, тема која за нив е вечно актуелна.
Пред неколку години во чест на своите деца, отпеа песна која публиката брзо ја прифати и ја пее. Сега во далечната Америка ја пее својата нова песна, со која сака неговите деца да не заборават на своите корени, но дојде овде кај нас и сними спот, облечен во македонска традиционална носија, прошета во убави предели од Македонија и како да нѐ потсети на едно дамнешно време.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ