среда, ноември 20, 2024
домаЖивотЖивотна срединаДО ЗГОЛЕМЕНА ИНКЛУЗИЈА

ДО ЗГОЛЕМЕНА ИНКЛУЗИЈА

Општина Аеродром ја организираше втората форумска сесија од циклусот на Форуми во заедницата која Општината а ќе се реализираат и во месец април. Овие форуми претставуваат транспарентна и партиципативна форма на локално ниво и своевидна алка на вклучување на граѓаните од страна на локалната самоуправа во донесувањето на заеднички одлуки, кои се важни за самата заедница и за нивниот живот.
На Форумот беа поканети и зедоа учество и Претседателот на здружението ЗЕОООП, Александра Петровска заедно со кординаторот на проектот “До зголемена инклузија”, Александар Петровски.
Форумот се одржа во просториите на ОУ ˶Лазо Ангеловски” , каде пред присутните беа презентирани неколку развиени предлог концепти на приоретизирани проекти од областа на образованието.
Во текот на конструктивната расправа свое излагање имаше директорката на ОУ˶ Александар Македонски”, во кое го презентираше првиот концепт со фокус на сензорните соби со наслов : “ Сензорни соби во училишта за деца со посебни потреби“ .
Мониторираното прашање- “Модернизирани училишта со лифтови за пристап на лица со попреченост за секое училиште и зголемување на можностите за нивно активно вклучување во општеството“ на присутните го претстави Александра Петровска, а воедно ја појасни неопходноста од лифтови во училиштата се со цел учениците со физичка попреченост да не бидат дискриминирани согласно фактот, дека ова е едно од предизборните ветувања на градоначалникот на општина Аеродром.
Петровска посочи дека согласно документацијата со која располага здружението ЗЕОООП, исполнети се сите услови за започнување со реализација на овие активности.
На Форумот после овие излагања се разви дискусија на која се приклучија и останатите присутни директори од сите општински училишта и потенцираа дека имаат потреба од вакви лифтови, кои на лицата со посебни потреби ќе им го олеснат движењето во училиштетео а со тоа и воспитиниот и образовниот процес ќе биде поквалитетен и посеопфатен. Дискусијата беше заокружена со прифаќање на предложениот концепт од страна на присутните.

На Форумот присуствуваа и претставници од Општина Аеродром која треба да ги спроведе дадените активности. Од име на Општината зборуваше Претседателот на советот Дејан Митевски кој потенцираше дека :“ Учеството на граѓаните на општина Аеродром во процесот на креирање на политиките на локалната заедница и реализација на конкретни проекти ќе бидат пракса и во иднина како и во одлучувањето која претсавува можност за граѓаните, граѓанските организации и другите засегнати страни да влијаат врз развојот на политиките кои директно влијаат на нив.
-Општина Аеродром со големо внимание е фокусирана кон инвестициите во образованието. Секојдневно се соочуваме со многу предизвици и нашата цел е да обезбедиме инспиративна настава со потенцијал за зголемување на интересот на децата за учење- потенцираше Митевски, кој ги посочи и заложбите за подобрување на инфраструктурните услови на основни училишта и детски градинки во Општина Аеродром, со континуиран фокус кон изнаоѓање на решенија за реализирање на проекти во служба на учениците и воопшто на сите граѓани.

Иновативната иницијатива “До зголемена инклузија” се спроведува во рамките на проектот “Поддршка на изборните реформи во Северна Македонија”на Владата на Швајцарија, имплементиран од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС).

Овој текст е изработен во рамките на проектот “Поддршка за изборни реформи” на Владата на Швајцарија, имплементиран од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС). Искажаните ставови, мислења и содржини во овој текст не мора да ги отсликуваат ставовите на донаторот, проектот или имплементаторот.
Повеќе за иницијативата – До зголемена инклузија, можете да дознаете на следниот линк:

https://electoralreforms.mk/%D0%BB%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D0%BF%D0%BE%D0%B4%D0%BD%D0%B5%D1%81%D0%B5%D0%BD%D0%B8-%D0%B8%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0%D1%82%D0%B8%D0%B2%D0%B8-2022/

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ