Најмалку 112 лица загинаа во шумските пожари во чилеанскиот регион Валпараисо, соопштија локалните власти. Габријел Бориќ прогласи вонредна состојба и рече дека ќе ги стави на располагање „сите потребни ресурси“ за да се реши ситуацијата. Се верува дека тоа е најсмртоносниот шумски пожар во Чиле досега. Многу од погодените го посетија крајбрежниот регион за време на летните одмори, пренесе „Вијести.ба“.
Министерството за здравство издаде предупредување за здравјето во Валпараисо. Министерството повика на суспензија на изборните операции и формирање на овластени привремени теренски болници. Студентите по медицина кои се при крај на нивните студии ќе бидат регрутирани за да помогнат во намалувањето на притисокот врз здравствената служба, се вели во истото соопштение на Министерството.
Спасувачките служби се мачеа да стигнат до најтешко погодените области, а министерката за внатрешни работи Каролина Тоха рече дека бројот на загинати „ќе достигне многу поголема бројка“ во наредните часови. Чилеанската влада ги повика луѓето да не патуваат во областите погодени од пожарите.
https://x.com/UltraDane/status/1754363003485794342?s=20