Во напад и пукање со автоматско огнено оружје денеска попладне во Арачиново, рането е едно лице кое било во придружба на градоначалникот на општината, пренесе Телма.
Како што изјавиле за Телма од Ургентниот центар, ранетиот има прострелни рани на градниот кош, а според потврдени информации целта на нападот бил градоначалникот на Арачиново.
Кон Арачиново се упатени и полициски единици за обезбедување на местото и увид.