петок, декември 20, 2024
домаКолумниКаков парламент и какви пратеници ни требаат

Каков парламент и какви пратеници ни требаат

Пишува Наташа Доковска

Уште во среда вечер ке ги знаеме контурите на идното Собрание и Влада на Репулика Македонија. Кој ке се пресели во претседателската вила, чинам веќе е познато. И да бидам искрена очекувано! Не заради тоа што довчерашниот претседател беше лош, тука затоа што народот ја казнува партијата која што го предложи. Во случајов, Пендаровски станува колатерална штета.

Сега останува да бидиме кој ќе биде казнет, но прашање е дали граѓаните знаат каков парламент и каква влада сакаат? Дали ги знаат пратениците за кои што гласаат, односно ? Наскоро формираниот модел на владеење на власта во демократските системи, популарно познат како парламент, се смета за еден од најважните столбови на државната структура. Но, дали вистинскиот проблем не е во постојаната способност на парламентот да ги исполни своите ветувања кон граѓаните?

Одговорот не е толку едноставен. Парламентот, во теорија, треба да биде гласот на граѓаните, рефлексија на нивните потреби и желби, но во пракса, тие најчесто се оставаат на страна во името на политичката игра и интересите на елитите. Затоа, критичката анализа на потребите од парламент треба да вклучува размислување за тоа како да го подобриме неговиот капацитет да служи на своите граѓани.

Во нашата амбиција да станеме свртени кон Европа, треба да имаме парламент кој е активен, ангажиран и одговорен. Парламент кој не се поддава на притисоци од страна на моќните интересни групи или надворешни влијанија, туку се фокусира на работење за добробитта на своите граѓани. Освен тоа, есенцијално е парламентот да го почитува владеењето на законот и да биде инклузивен кон сите заинтересирани страни во донесувањето на одлуки.

Но, кој да ги донесува одлуките? Пратениците? Многу ме интеерсира кој одлучува кој ќе биде на листата на пратеници и дали им се бара одредена едукација, психо-физичка способност, лекарско уверение…Последниве години се изнагледавме се и сешто, па да не ни се повтори истото!

Според мене пратениците треба да бидат градители на своите граѓани, да ги претставуваат нивните интереси и да работат за нивно подобрување. Тие треба да бидат интелигентни, посветени и честити лидери кои не се плашат да ги бранат своите убедувања, дури и ако тоа бара да се издигнат против власта. Јас досега кај нас такви не сум сретнала!

Исто така, потребни се пратеници кои се компетентни во различни области, како економија, законодавство, здравство и образование, за да бидат во можност да донесуваат информирани одлуки. Парламентот треба да биде разноврсен во своите пратеници, вклучувајќи ги различните групи и перспективи од општеството, за да се обезбеди дека сите гласови се чуени и претставени.

В крајна линија, парламентот и пратениците се срцето и душата на демократијата. Нивната улога е да ги заштитуваат правата и интересите на граѓаните и да ги обезбедат условите за напредок на државата. Само со активен и одговорен парламент, воден од интегритетни и компетентни пратеници, можеме да се надеваме на успешно влегување во Европа, без да се потчиниме на нејзините интереси.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ