среда, декември 4, 2024
домаКУЛТУРАMузика, Опера, БалетИмпресивна  виртуозност и лирска мелодичност на контрабасистот Вагнер и пијанистката Палуровиќ

Импресивна  виртуозност и лирска мелодичност на контрабасистот Вагнер и пијанистката Палуровиќ

Уште еден прекрасен концерт на класична музика се вброи во програмата на 64. Издание на фестивалот „Охридско лето“  вчеравечер во црквата „Света Софија“. Контрабасистот Доминик Вагнер и пијанистката Софија Палуровиќ, млади уметници со високо уметничко реноме ја воодушевија публиката, како со својот виртуозитет, така и со внимателно избраниот репертоар за летната фестивалска ноќ.

За пијанистката Палуровиќ која по потекло е од Србија, но живее и работи во Австрија, огромна е честа редовно да се настапува со Вагнер со кого, како што вели, го дели и приватниот живот.

-Музиката за контабас заслужува поголемо внимание отколку што добива. До пред неколку години ни самата јас не бев свесна колку прекрасна музика  и прекрасни аранжмани  постојат  за контабас, но свирејќи со Доминик се уверив колку е богат тој репертоар.  Во Охрид поточно во црквата „Света Софија“  сум вторпат, првиот пат кога имав само 13 години учествував на едно натпреварување и за мене беше едно до најубавите места на кое сум настапила, вели Палуровиќ.

Доминик Вагнер е посветен на идеалот да го извади контрабасот од сенка на виолончелото  и да ги прикаже индивидуалните можности на овој  најдлабок инструмент во групата гудачки инструменти.

-Секогаш сакам да комбинирам дела кои ѝ се познати на публиката со некои композиции  кои не ги познаваат. Вечерва свиревме соната од Бетовен и композиција на Малер аранжирана за контрабас и пијано. Тие се познати композитори, но потоа го свиревме Ботесини кој е попознат помеѓу контабасистите и Андрес Мартин кој често ја изненадува публиката. Кога ќе го прочита името на Бетовен, публиката знае што да очекува, но со Мартин секогаш се пријатно изненадени и возвраќаат со позитивна реакција, вели контрабасистот Вагнер кој целата позитивна енергија што ја располага како личност и како уметник вчеравечер ја сподели со публиката.

Контабасистот Вагнер успева во неговата намера не само со неговото сценско присуство, туку и со импресивната виртуозност, лирска мелодичност, како и со постојаните напори да го прошири репертоарот за контрабас преку нарачки на нови дела, транскрипции на постоечки композиции, истражувања во потрага по ретки дела, а заедно со неговиот татко, композиторот Волфрам Вагнер транскрибираат дел од концертот за виолончело од Дворжак во концертна композиција за контрабас која својата премиера ја имаше минатата година во Луцерн.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ