недела, ноември 17, 2024
домаКУЛТУРАMузика, Опера, БалетПрекрасен концерт со Црногорскиот симфониски оркестар и пијанистката Нина Костова

Прекрасен концерт со Црногорскиот симфониски оркестар и пијанистката Нина Костова

Црногорскиот симфониски оркестар вчеравечер гостуваше на 64. „Охридско лето“  музицирајќи во Предворјето на црквата „Света Софија“. Солист на вечерта беше реномираната македонска пијанистка Нина Костова која го изведе Моцартовиот Концерт за пијано и оркестар бр. 21 C-dur KV 467.

-Ова е прв мој настап со Црногорскиот симфониски оркестар. Навистина се прекрасни, дојдоа подготвени, и со една проба успеавме да направиме максимум. Диригентот е исто така прекрасен и отворен за соработка, а организацијата на „Охридско лето“, како и секогаш е на врвно ниво, вели Костова.

Вчерашниот настап на „Охридско лето“,  пијанистката Костова го посвети на нејзиниот татко, големиот македонски  композитор, Кире Костов, кој  почина  точно пред една година, на 27 јули.

Од сезоната 2023/2024 на чело на Црногорскиот симфониски оркестар е реномираниот француски диригент со црногорско потекло- Марк Корович. На репертоарот на овој оркестар се наоѓаат дела од сите стилови и музика од барокната ера,  па сѐ до современи дела. Оркестарот остварува концерти со епохални дела од светската музичка ризница кои претставуваат историски мигови во црногорскиот музички живот. Покрај тоа, редовно се застапени делата на црногорските композитори: Иван Бркановиќ, Илија Лакешиќ, Борислав Таминжиќ, Жарко Мирковиќ, Нина Перовиќ, Александар Перуновиќ, Сенад Гачевиќ кои се значајни во музичката историја и сегашност на Црна Гора.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ