сабота, ноември 16, 2024
домаКУЛТУРАMузика, Опера, БалетКамерниот оркестар на МММ „Саша Николовски- Ѓумар“ вечерва на репертоарот на „Охридско...

Камерниот оркестар на МММ „Саша Николовски- Ѓумар“ вечерва на репертоарот на „Охридско лето“

Камерниот оркестар на Музичката Младина на Македонија „Саша Николовски- Ѓумар“ вечерва ќе одржи целовечерен концерт во рамките на репертоарот на класична музика на 64. „Охридско лето“.  Диригентската палка му е доверена на Иван Еминовиќ, а солисти на вечерта ќе бидат виолинистот Симеон Гошев и виолончелистот Енис Аји.

Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ во стандардниот фестивалски термин  од 21 часот.

Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија постои 38 години и е основан како прв сегмент на Летниот музички камп на МММ во Охрид во 1986 година. Повеќе од 400 млади музичари биле дел од овој уникатен состав, а диригенти и уметнички раководители на оркестарот биле: Ф. Муратовски, Г. Коруновски, С. Николовски-Ѓумар, В. Николовски-Ѓумар, М. Спасов, Б. Цанев, А. Ремерајт, Б. Чадловска, О. Кондратенко, Миша Кац, Џанлука Мартиненги, Елена Митревска. Како признание за постигнатите резултати, во 1995 оркестарот беше поканет и одржа концерт во Будимпешта по повод 50-годишнината од основањето на Светската федерација на музичка младина.

Оркестарот има остварено повеќе од 100 концерти добивајќи голем број позитивни критики и признанија, а на неговиот репертоар покрај делата од светската класика свое место наоѓаат и делата на современите македонски композитори. Веќе 38 години завршниот концерт на летната сесија на оркестарот е дел од програмата на фестивалот „Охридско лето“, а во последните  години и на фестивалите „Скопско лето“ и „Битолско лето“.

Од 2018 година оркестарот го носи името на македонскиот диригент Саша Николовски-Ѓумар.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ