среда, ноември 20, 2024
домаКУЛТУРАMузика, Опера, БалетШвајцарска вечер на „Охридско лето“

Швајцарска вечер на „Охридско лето“

Музичката програма на фестивалот „Охридско лето“ вечерва продолжува со концерт на пијанистот Алексеј Ботвинов, виолинистот Себастиан Борен и виолончелистот Патрик Деменга. Тие ќе настапат во рамките на Швајцарската вечер на фестивалот, во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот.

Алексеј Ботвинов е исклучителен пијанист, музички иноватор и продуцент. Тој е еден од најзначајните украински пијанисти и се смета за еден од најдобрите интерпретатори на музиката на Сергеј Рахмањинов. Ботвинов, истовремено е и единствениот пијанист во светот кој на сцена ги има изведено „Голдберг варијации“ на Бах повеќе од 300 пати.Алексеј Ботвинов настапувал во повеќе од 46 земји ширум светот, а неговите неодамнешни настапи вклучуваат концерти во салите на Берлинската филхармонија, во „Гевандхаус“ во Лајпциг, „Тонхале“ во Цирих, во салата на филхармонијата во Хамбург, во „Бетовен хаус“ Бон и многу други.Себастиан Борен е виолинист кој внимателно му приоѓа на репертоарот избирајќи најчесто интерпретации на дела од класичната и романтична ера, дела од ХХ век и нови, современи композиции. Во 2022 година Швајцарската фондација на школите за виолина му ја додели наградата „Златно гудало“, а германскиот печат го опишува како „ еден од најсериозните, директни музичари на неговата генерација“.

Виолончелистот Патрик Деменга е роден во 1962 година, студира на конзерваториумите во Берн и во Келн со Борис Пергаменшчиков, и со Харви Шапиро во Њујорк. Деменга редовно настапува на најпознатите фестивали и во музичките центри ширум Европа, Јужна Африка, САД, Јужна Америка, Австралија и Азија.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ