среда, октомври 16, 2024
домаПОЛИТИКАРегионПоднесено обвинение за убиството на девојчето Данка Илиќ во Србија

Поднесено обвинение за убиството на девојчето Данка Илиќ во Србија

Вишото јавно обвинителство во Заечар на 24 септември покрена обвинение против Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ за убиството на девојчето Данка Илиќ кај Бор во источна Србија, пренесе Радио Слободна Европа (РСЕ).

Како што се вели во соопштението на обвинителството за РСЕ, Драгијевиќ и Јанковиќ се товарат за „тешко убиство во соизвршителство“, како и за „непријавување на делото“ и „помагање на сторителот по извршувањето на делото“.

Со обвинението е обвинет и Радослав Драгијевиќ, таткото на Дејан Драгијевиќ, поради сомнение дека сторил кривично дело помагање на сторителот по извршувањето на делото и непријавување на делото и на сторителот, пренесе Танјуг.

Обвинителството предложи судот да им го продолжи притворот на Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ, а Радослав Драгијевиќ да се брани од слобода. Како што дознава Танјуг, обвинителството во обвинителниот акт предложило судот да ги осуди на доживотен затвор Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ.

Данка Илиќ исчезна на 26 март пред куќа во населбата Бањско Поље кај Бор, а нејзиното исчезнување прв го активираше системот „Најди ме“, односно Amber Alert во Србија, со кој јавноста итно се информира за исчезнување на дете.

Полицијата во Србија во април соопшти дека се уапсени две лица осомничени дека го убиле девојчето.

Српскиот министер за полиција Братислав Гашиќ на прес-конференција изјави дека осомничени вработени во јавното претпријатие „Водовод“ во Бор со автомобил ја удриле Данка и нејзиното тело го фрлиле во депонија. Според него, тие на 26 март биле на службена должност во Бањско Поље.

Иако полицијата тогаш соопшти дека осомничените го признале делото, Вишото јавно обвинителство Зајечар во јули соопшти дека осомничениот за убиството на двегодишното девојче негирал дека го сторил делото.

И ова обвинителство претходно соопшти дека од службеното возило на ЈКП „Водовод“ одземени се над 500 траги за кое полицијата се сомнева дека го управувале двајцата осомничени кога ја удриле девојката.

„Досега вештачењата покажаа дека нема трага од ДНК на Данка Илиќ, како во самиот автомобил, така и на надворешните делови на возилото“, соопшти обвинителството во јули.

Телото на девојчето се уште не е пронајдено.

Радослав Драгијевиќ е осомничен дека му помагал на синот да го премести телото на девојчето.

Братот на Дејан Драгијевиќ, Далибор Драгијевиќ, почина на 7 април во просториите на полициското одделение во Бор при приведување.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ