понеделник, декември 30, 2024
домаЕКОНОМИЈАОд денеска треба да има намалени цени на дел од прехранбените производи

Од денеска треба да има намалени цени на дел од прехранбените производи

Од денеска се очекува граѓаните да ги почувствуваат ефектите од есенската потрошувачка кошница, со примена на мерката за намалување до 10 отсто на маржата на основните прехранбени производи кај трговците на големо и мало. Цените на 73 прехранбени производи, кои се дел од есенската потрошувачка кошница, треба да бидат пониски до 31 октомври, а производите вклучени во оваа кошница, треба да бидат јасно обележани со натписот „помалку трошоци, повеќе за тебе“.

„Оваа мерка ќе трае некаде таму до крајот на октомври месец. Седумдесетина производи се практично производи коишто се како резултат на овој закон се со намалени цени. Во периодот што следи ќе продолжиме да ја ажурираме оваа листа, во зависност на потребите на граѓаните. Ќе потсетам производите не се резултат на шпекулативна мерка, туку се резултат на една анализа и теренски анкети водени со граѓаните кои производи се најкористени во овој период од годината. Така ќе биде можеби и пред новогодишните празници, така ќе биде на пролет и цело време така ќе функционираме. Целта ни е да го олесниме животот на граѓаните и да ја намалиме цената на производите“, – изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање при поставување камен темелник на спортска сала во училиштето „Димитар Поп Георгиев-Беровски“ во Општина Ѓорче Петров.

Одлуката ја донесе Владата на предлог на работна група формирана од министерствата за економија, финансии и земјоделство, а опозицијата реагираше дека мерките на Владата се задоцнети и нема да имаат ефект врз цените и стандардот на граѓаните.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ