Црногорскиот филм „Планета 7693“ во режија на Гојко Беркуљан е најдобриот филм на 12. „Џифони Македонија“ за јуниорите, македонскиот апокалиптичен трилер „М“ во режија Вардан Тозија е најдобар според кадетите, додека за сениорите – тоа е „Кога е… пролет е во воздухот“ (When F… Spring in The Air) на полскиот режисер Даниаел Сугавара. Најдобар краток филм за јуниорите е „Последна генерација“, најдобар ученички филм е „Весниците“ (The Newspapers).
Најдобар ученички филм за кадетите и сениорите е „Писмо што никогаш нема да го добиеш“ од Србија, најдобар анимиран филм е Lucky’s plan(e)t на Марко Васиќ од Србија. Најдобар краток филм за кадетите е Cicciolina Pocket во режија на Клаудио Казаѕа од Италија. Најдобар краток филм за сениорите е „Човекот што не знаеше да молчи“ во режија на Небојша Слијепчевиќ од Словенија.
Режисерот Вардан Тозија ја прими наградата лично и беше посебно благодарен на жирито на „Џифони“, истакнувајќи дека тоа посебно му е драго што доаѓа од публика што критички и искрено ги гледа филмовите.
Во речиси двочасовна програма, џифонци синоќа во киното „Милениум“ прикажаа што сработиле за само пет дена за време на работилниците на кои учествуваа – сликарската заедно со Дијана Томиќ Радевска, работилницата за филмска фотографија на Елена Бојаџиева Цветковска, работилница за сториборд со Здравко Гиров и Давор Драмиќанин, краток филм за јуниори со Саша Станишиќ, работилница за краток игран филм со Филип Лафазановски и Илија Павлов, како и за краток документарец со Ханис Багашов и Марко Рикалоски.
Благодарение на нивното најголемо учество на фестивалот и активност, фестивалското жири ги избра четворицата нови учесници на „Џифони Италија“ што ќе бидат дел од светскиот фестивал в година. Тоа се: Војдан Андоновски, Галена Огненовска, Лука Чашуле и Мила Цветкова. Тие беа пресреќни за можноста. Целата македонска делегација ќе биде формирана и по пат на дополнителни проекции на филмови и дискусии на кои со гласање на најактивните Џифонци ќе бидат избрани уште осум учесници.
Ова издание на Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија“ беше богато со гости, интересни разговори, а тие беа обединети под името Edu Cuts Talks конференција. Edu Cuts мрежата што ги поврзува филмските фестивали и организации фокусирани на промоцијата и на имплементацијата на образованието и мобилноста на младите таленти. Мрежата е дел од проектот „Култура и креативност за Западен Балкан“, проект поддржан од Европската Унија, чија цел е да го зајакне дијалогот на Западен Балкан, поттикнувајќи ги културните и креативните сектори за зголемено социо-економско влијание.
„Џифони Македонија“ и годинава ја продолжи соработката со „Пакомак“ и до 15 октомври сите џифонци можат да учествуваат на натпреварот за собирање и рециклирање шишиња во вендинг машините на „Пакомак“, акција што е во тек. Најуспешниот во оваа мисија ќе биде награден со патување во Џифони, Италија, на фестивалот в година.
Фестивалот „Џифони Македонија“ е поддржан од: Џифони Експириенс, Агенција за филм, Министерство за култура на Италија и Италијанската амбасада во Скопје, British Council преку проектот Culture and creativity for Western Balkans, RYCО со Youth Cultural Fund, Пакомак и др.