петок, ноември 15, 2024
домаЖивотСоцијална политикаХуманитарен концерт по повод Меѓународниот Ден на грижата за повеќе згрижувачки семејства

Хуманитарен концерт по повод Меѓународниот Ден на грижата за повеќе згрижувачки семејства

На 29-ти октомври, со прекрасна атмосфера и искрени емоции, се одржа хуманитарниот концерт по повод Меѓународниот ден на грижа и поддршка. Во организација на СОС Детско Село, со поддршка на Министерството за социјална политика, демографија и млади и Општина Гази Баба, настанот, имаше за цел да ја подигне свеста за значењето на згрижувачките семејства и нивната непроценлива улога во општеството.

Силви Бенд со својот настап внесоа позитивна енергија и радост, но и ги инспирираа присутните да размислат за својата улога во заедницата и можноста да станат згрижувачи.

“Денес го славиме згрижувањето како акт на љубов и поддршка за децата кои најмногу имаат потреба од сигурност и внимание. Како Министерство за социјална политика, демографија и млади, преку различни програми и проекти, продолжуваме да работиме на унапредување на системот на згрижување, да ја подигаме свеста за важноста на семејното згрижување и да охрабриме што повеќе семејства да се вклучат“ – изјави г-дин Ѓоко Велковски, Заменик министерот за социјална политика, демографија и млади. 

Овој настан имаше за цел да ја подигне свеста за важноста на згрижувачите и да ги мотивира новите кандидати да се приклучат на оваа благородна мисија. Преку оваа иницијатива, се нагласи значењето на згрижувачите, кои играат клучна улога во заедницата, обезбедувајќи дом и семејство за децата кои имаат потреба од топлина и сигурност.

“Како општина, продолжуваме со заложбите за поддршка на семејното згрижување, бидејќи веруваме дека секое дете заслужува шанса да расте во безбедна и стабилна средина, опкружено со грижа и љубов. Затоа, и оваа година ја организираме оваа промотивна активност,

каде што ја подигаме свеста за значењето на згрижувањето и ја изразуваме нашата длабока почит кон сите згрижувачи.“ – додаде во своето обраќање г-дин Бобан Стефковски – Градоначалник на Општина Гази Баба.

На настанот беше потенцирано дека згрижувањето не е само професија, туку мисија која носи позитивни промени во животите на децата. Секоја личност која станува згрижувач е дел од трансформацијата на едно детско срце, создавајќи можности за емоционален и психолошки развој.

„ Згрижувањето е во голема мера синоним за работата на СОС Детско Село, но за нас исто така претставува и наша морална одговорност. Сведоци сме на неверојатните приказни на посветеност и љубов што ги покажуваат згрижувачките семејства да создадат топол дом и грижа за секое дете, бидејќи згрижувачите се оние кои го гарантираат и овозможуваат вроденото право на секое дете на животен стандард кој ќе дозволи физички, ментален, духовен, морален и социјален развој.“- изјави директорката на СОС Детско село Скопје, Наде Качакова.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ