Познатиот музичар, продуцент и актер Квинси Џонс почина на 92-годишна возраст, јавуваат медиумите.
Џонс имаше големо влијание врз американската музика, преку работа со уметници како што се Каунт Бејси до Френк Синатра, Реј Чарлс, Принс, Тупак и ја преобликува поп музиката со соработка со Мајкл Џексон.
За време на кариерата долга седум децении, тој го собори рекордот со дури 80 номинации за Греми награди и 28 награди.
Тој стана познат како џез аранжер и диригент, пред да го сврти вниманието кон поп музиката и филмот.
Во 1968 година, Џонс стана првиот Афроамериканец кој беше номиниран за Оскар за најдобра оригинална песна за „The Eyes of Love“ од филмот „Banning“.
Соработуваше со многу ѕвезди и продуцираше три од најуспешните албуми на Мајкл Џексон.