недела, декември 22, 2024
домаЖивотЗдравјеШто порано детектирани проблемите со видот, побрзо исправени очи

Што порано детектирани проблемите со видот, побрзо исправени очи

На прв преглед за видот, детето треба да оди помеѓу 3 и 4 година, а и пред тоа доколку забележите дека ги криви очите, ја наведнува главата, има чести главоболки или вртоглавици. Во првата година окото може да „бега на страна“, бидејќи развојот не е завршен.

Пореметување на видот кај децата родителите најчесто откриваат откако детето започнува да оди во училиште.

Најчестите нарушувања во детскиот период се далекувидност, миокардија, астигматизам и амблиопија. Затоа офтомолошкиот преглед е еден од најважните, а треба да се изврши најдоцна до четврта година.

– До првата година на детето окото може да “бега”, развојот на очите и видот не се целосно завршени. Ако не постојат видливи сигнали за нарушување на видот, вистинското време за преглед е помеѓу 3 и 4 година – вели д-р. сц. Надежда Билиќ, од Визија.

Во текот на зимата се влошува кратковидоста поради недостаток на светлина

Симптоми по кои родителите може да забележат дека нешто не е во ред најчесто се исти кај сите деца. Како што објаснува доц. др. сц. Ивана Мравивиќ, супспецијалист по страбологија и детска офталмологија од Клиниката Светост, родителите треба да обрнат внимание на тоа дали детето го следи предметот, му паѓа или го покрива окото, дали има бела жолтица, дали неговите очи солзат, дали има главоболки, вртоглавици и дали брзо се замара. При првичниот преглед, веќе на три години, можно е да се утврдат и можни други нарушувања поврзани со наследни болести, а не само нарушувања на видот на видот. Кога ќе се утврди проблемот, треба да се контролираат очите два пати годишно и редовно да се носат очила.

“Слабовидност и страбизам може да се поправат со редовно носење на очила”, вели д-р. сц. Надежда Билиќ, специјалист офталмолог од Визија.

– Тука треба да биде добра соработка на детето и на родителите, бидејќи детето некогаш не сака да носи очила, се срами да ги носи, му пречат или едноставно заборава, па може да се влоши слабовидливоста на едното или на двете очи. Страбизмот или скливотност е исто така грешка на позицијата на очите, што може да предизвика слабовидност, и се решава со носење очила, во комбинација со вежби или оперативен зафат – вели д-р. сц. Билиќ.

Бидејќи детектирањето на функциите кај децата се развива до осум години, , ако се забележат симптомите на време, поголема е веројатноста да се исправат. Сепак, понекогаш е многу тешко, особено помалите деца да се мотивираат да носат очила.

Ласерска операција после 18 години

Очилата служат за детето подобро да гледа и за состојбата дополнително да не се влошува заради напнатоста. Само со носење на очила не може да се поправи слабовидност или страбизам. Носење леќа зависи од способноста на детето да ги стави и вади, што е обично во периодот кога запонува да оди во средно училиште. Ласерската операција е можна само после 18 години, но ако диоптријата е стабилна во период од најмалку една година.

Наочарите мора да бидат лесни и флексибилни

При изборот на очила многу е важно децата да учествуваат во изборот, бидејќи така ќе биде полесно прифатено носењето на очила. Денешните модерни материјали овозможуваат очилата да останат стабилни без да се лизгаат. Се препорачува да бидат флексибилни, рамките да се од лесен материјал. Не смее да гребат, леќите мора да бидат од поликарбонати, материјали кои тешко можат да се изгребаат или да се скршат.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ