Многу жени се прашуваат дали е безбедно да се користи тампон за време на капење во море, базен или езеро. Според гинеколозите, оваа практика не е препорачлива…
Иако оваа тема воглавном е интересна за летниот период, сепак, има голем број на жени кои зимскиот период го користат за одмор во топлите, тропски региони и го поставуваат ова прашање.
Гинеколозите предупредуваат без рзлика кој период во годината сме, капење со тампон да не се практикува. Особено не за време на високите температури бидејки тогаш телото е изложено на поголем ризик од развој на интимни инфекции. Повисоките температури и влажноста создаваат идеални услови за размножување на бактерии и габи, особено ако долго се носи мокар костим или ако се седи на влажен пешкир. За да го минимизирате ризикот, се препорачува веднаш по капењето да се истуширате и да го замените мокриот костим со сув. Исто така, избегнувајте седење на влажни површини и бидете претпазливи на јавни места, како што се јавни тоалети.
Зошто не се препорачува капење со тампон?
Гинеколозите тврдат дека капењето во морето има лековито дејство благодарение на јодот кој природно се наоѓа во солената вода. „Јодот е една од најлековитите супстанции што ја користиме во медицината, а во морето го имате во природна форма. Тампоните ја задржуваат влагата на погрешен начин, што спречува вагината правилно да се исчисти. Наместо да ги искористите придобивките од јодот, вие се капете со тампон, што не е препорачливо. Подобро е да избегнете капење неколку дена, отколку да користите тампони во морето“, нагласува гинекологот.
Зголемен ризик од инфекции и несакани последици
Покрај зголемениот ризик од инфекции, летниот период носи и други предизвици. За време на одморите често се зголемува бројот на интимни односи, што пак доведува до зголемен број на незаштитени односи и несакани бремености. „Жените често се лекуваат на своја рака, користејќи вагиналети или други средства без консултација со лекар. Ова е погрешно, бидејќи појава на зголемен секрет не секогаш значи инфекција – тоа може да биде природен одбранбен механизам на организмот. Затоа, задолжително треба да се направат тестови пред да се започне со терапија“, истакнуваат гинеколозите.
А.Н.