Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) четврта година по ред се на врвот на листата на најмоќни пасоши за 2024 година.
Глобалниот индекс го мери бројот на земји во кои граѓаните можат да патуваат без виза. Државјаните на ОАЕ имаат пристап до импресивни 133 земји без виза и дополнителни 47 земји со виза по пристигнување, со што покриваат повеќе од 90 проценти од светот.
Македонија се наоѓа на 34то место, а со македонски пасош може да патуваме во 133 држави и тоа во 83 држави без виза, во 50 држави виза може да добиеме на аеродром при пристигнување, а за 65 држави ни треба виза. Од бившо југословенските држави, Хрватска е највисоко рангирана,се наоѓа на 5то место на листата, бидејќи нејзините граѓани можат да патуваат во 125 земји без виза и во дополнителни 51 земји со виза по пристигнување. Едно место е подолу Словенија, чии граѓани може да патуваат без виза во 125 земји, во 50 земји може да добијат виза при пристигнување, а виза им треба за патување во 23 земји. Србија е на 30то место. Зад нас е Црна Гора (35то место) и Босна и Херцеговина која се наоѓа на 40то место, а нејзините граѓани можат да патуваат во 103 земји без виза.
Овие податоци ја нагласуваат глобалната слобода на патување која ја овозможуваат овие пасоши, одразувајќи ја нивната дипломатска сила и меѓународна доверба.
А.Н.