По две децении постоење, Мајкрософт официјално најави дека целосно ќе го повлече Скајп од употреба. Апликацијата, која некогаш беше синоним за видео повици и интернет комуникација, ќе престане да функционира од 31 август 2025 година.
Оваа одлука е дел од стратегијата на Мајкрософт да ги фокусира сите свои ресурси на развој и поддршка на Microsoft Teams – платформа која доживеа голем пораст за време на пандемијата и се наметна како основна алатка за деловна и образовна комуникација.
Иако Скајп долго време беше една од најпопуларните апликации за разговор, неговата популарност опадна поради конкуренцијата и промените во навиките на корисниците. Мајкрософт апелира до сите корисници да преминат на Microsoft Teams, каде што можат да продолжат со комуникацијата со подобрени безбедносни и организациски функции.
За корисниците кои сè уште ја користат апликацијата, Скајп ќе остане достапен до крајот на август 2025 година, по што официјално ќе биде исклучен.
Ф.С.

