ГУШ И БАЦ Е ЉУБОВ

Денес, 11 мај 2025 година, на Школка во Градскиот парк во Скопје се одржа шестиот по ред инклузивен настан „Гуш и бац е љубов“, во организација на здружението „Аутизам ААМК“. Настанот започна во 11:00 часот и траеше до 14:30 часот, претворајќи ја Школка во голема игротека со разновидни активности.

Целта на овој настан беше зголемување на свесноста за лицата со атипичен развој и нивно прифаќање, почитување и инклузија во општеството. Преку игри, работилници, музички и ликовни катчиња, децата со атипичен развој имаа можност да покажат дека сакаат да играат, да се смеат, да пеат и да танцуваат заедно со своите врсници. Организаторите истакнаа дека преку вакви настани се надминуваат стравовите од непознатото и се гради инклузивно општество.

С.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ