домаКУЛТУРАMузика, Опера, БалетФестивалот на џез, ворлд и современа музика во Велес од 25 до...

Фестивалот на џез, ворлд и современа музика во Велес од 25 до 28 септември

Оваа година, Здружението за култура, уметност и млади “АРТ ГЕНЕРАТОР” е организатор на “Фестивалот на џез, ворлд и современа музика” по четврти пат, со делегирана надлежност од Општина Велес, поддржани и од Министерство за култура и туризам.

Програмата на фестивалот ќе биде распоредена во 4 фестивалски денови од 25 до 28 септември и ќе се одвива во Театар Ј.Х.К. Џинот – Велес, на паркингот на театарот и на Спомен костурницата во Велес.

И и ова четврто издание останува интернационално. Ќе настапуваат артисти од САД, Грција и се разбира Македонија.

На 25.09.2025 Во Театар Ј.Х.К Џинот-Велес ќе се одржи работилница по цијанотипија во заедничка организација со Центарот за креативни индустрии-НЕБО изведена од Јасмина Котевска и Иван Алушевски, со почеток во 12:00 и ликовна изложба “Преиспитувања” на реномираните уметници Никола Пијанманов и Тони Попов во кураторство на Јасмина Котевска со почеток во 19:00

На 26.09.2025 на големата сцена во Театар Ј.Х.К Џинот-Велес од 21 часот ќе настапат „Transverse“ (USA/MKD) McCollough/Spasovski/Tufekchievski/Filipovski, „Parussion Group“ (MKD).

Истата вечер после концертите, на паркингот на велешкиот театар ќе се одржи DJ/VJ сет со Edit points.

На 27 септември на Спомен Костурница Велес, од 19 часот ќе се оддржи перформанс насловен “Во тек”, Doneff Doneff и Toma Dimovski (GR/MKD).

Истиот ден од 21 часот на големата сцена во Театар Ј.Х.К Џинот – Велес ќе настапи Влатко Стефановски Трио (MKD). После концертот на Влатко Стефановски Трио, во 22:30 на паркингот на велешкиот театар  концерт на групата „Паркети“ (MKD).

На 28.09.2024 на големата сцена во Театар Ј.Х.К Џинот ќе настапи Dine Doneff со проектот насловен “Storytales” (GR) со почеток од 21 часот.

Истата вечер  во 22:30 часот после концертот на Dine Doneff, на паркингот на велешкиот театар ќе се одржи завршна забава со Арт Генератор.

Посебен попуст на фестивалот, ќе имаат оние кои ќе купат блок билети по цена од само 1300 денари. Билетите ќе бидат достапни на билетарата на Театар Ј.Х.К Џинот.

Сите фестивалски вечери во театарот и на паркингот од театарот ќе бидат поддржани со видео мапинг на Борче Конзулов. За графичкиот дизајн на фестивалот и оваа година се погрижи нашиот драг соработник Филип Коруновски.

Целта на фестивалот е да придонесе за децентрализација и деметрополизација на културата и уметноста и пласман на квалитетни содржини. Т.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ