домаСпортПетта јубилејна „Златна Олимпија“ – Вечер на најуспешните жени во спортот

Петта јубилејна „Златна Олимпија“ – Вечер на најуспешните жени во спортот

Во знак на препознавање на извонредните достигнувања на жените во спортот, Македонскиот олимписки комитет ја најавува петтата јубилејна церемонија на доделување на наградите „Златна Олимпија“, која ќе се одржи вечерва (16 декември) во хотел „Холидеј Ин“ во Скопје.

Овој настан е посветен на жените кои ги поместуваат границите на извонредноста,
инспирирајќи ги идните генерации спортисти и спортистки. Тој е и приликаa да се зборува гласно за жените во спортот и да им се даде заслуженото внимание, истакнувајќи ги нивните успеси, посветеноста и влијанието што го имаат во општеството.

На свечената церемонија ќе бидат доделени награди во следните категории:
• Најдобар женски национален тим за 2025 година
• Најуспешна спортска работничка за 2025 година
• Најнадежна млада спортистка за 2025 година
• Најуспешна тренерка за 2025 година
• Најуспешна судијка за 2025 година
• Спортски подвиг за 2025 година
• Признание за животно дело
• Најуспешна спортистка за 2025 година
• Најуспешна федерација во унапредување на родовата еднаквост за 2025 година
• Најуспешна спортска медиумска работничка за 2025 година
• Најуспешна спортиска со попреченост за 2025 година
• Женско лидерство и унапредување на родовата еднаквост

На свеченоста ќе бидат присутни врвни спортски имиња, личности од јавниот живот,
амбасадори, поддржувачи на македонскиот спорт и медиумски претставници, во атмосфера на празнична елеганција. Петтото издание на „Златна Олимпија“ ја потврдува својата улога како водечка платформа за препознавање на извонредноста на жените во спортот, одбележувајќи не само нивните успеси туку и нивниот пример како инспирација за сите.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ