Во 2024 година, стапката на сиромаштија во Северна Македонија достигна 21,9%, што значи дека речиси секој четврт граѓанин живее под прагот на сиромаштија, покажуваат најновите податоци од Анкетата за приходите и условите за живеење, споредени со методологијата на Европската Унија.
Ова значи дека над една петтина од населението нема доволно финансиски средства за задоволување на основните животни потреби, што создава сериозна социјална и економска криза во државата.
Податоците од Државниот завод за статистика покажуваат дека сиромаштијата е особено голема меѓу најранливите групи – деца, самохраните родители и невработените. Кај самохраните родители со деца, стапката на сиромаштија дури надминува 45%, додека кај домаќинствата со три или повеќе деца изнесува над 50%.
Иако социјалните трансфери ја намалуваат сиромаштијата на одредено ниво, реалноста останува сурова – многу семејства се борат да ги покријат трошоците за храна, сметки и здравствени услуги, а растот на минималната плата не е доволен за значително олеснување на тешката економска состојба.
Овие податоци ги отвораат прашањата за ефективноста на социјалните политики и потребата од итни мерки за заштита на најзагрозените граѓани, како и за поддршка на растот на доходите и квалитетот на живот во државата.
С.Х.

