Светот се соочува со сериозна енергетска криза поради војната во Иран, која доведе до нарушување на снабдувањето со нафта и гас, особено поради затворањето на важни транспортни рути како Ормутскиот теснец.
Како резултат на тоа, цените на енергенсите нагло растат, а многу држави воведуваат мерки за штедење – како намалување на потрошувачката, работа од дома, пократки работни недели и ограничување на користење енергија.
Во исто време, голем број земји повторно се враќаат на користење јаглен, иако тој е најзагадувачкиот извор на енергија. Причината е што јагленот е најбрзото и најевтино решение за покривање на недостатокот од гас и нафта.
Особено во Азија, државите го зголемуваат производството на струја од јаглен за да избегнат недостиг на електрична енергија.
Експертите предупредуваат дека ова е само краткорочно решение и дека кризата покажува колку е важно земјите да инвестираат во обновливи извори на енергија за поголема стабилност во иднина.
Ф.С.

