Со новите измени на Законот за пензиско и инвалидско осигурување во Србија, мајките добиваат право на таканаречен „посебен стаж“, кој ќе им донесе повисока пензија.
Според овие измени, жените ќе добиваат дополнителен стаж во зависност од бројот на деца – шест месеци за едно дете, една година за две деца и дури две години за три или повеќе деца.
Овој стаж нема директно да значи порано пензионирање, туку ќе се пресметува како дополнителни години работа, што ќе влијае на повисок износ на пензијата.
Интересно е што мајките со три или повеќе деца ќе можат веднаш да го користат ова право, додека за мајките со едно или две деца тоа ќе важи од 2032 година.
Овој модел веќе се применува во некои европски земји и има за цел да го признае придонесот на мајките во општеството преку подобри услови за пензија.
Сепак, се поставува прашањето – дали и жените во Северна Македонија можат да очекуваат слични мерки во иднина, кои ќе го вреднуваат мајчинството преку пензиски бенефиции?

