петок, октомври 18, 2024
домаВо Гевгелија се пееја арии, по повод 8. Март!

Во Гевгелија се пееја арии, по повод 8. Март!

Синоќа, на 7 март 2018 , гевгеличанки ужива во прекрасниот уметнички осмомартовски концерт „Љубов низ арија ти подарувам“, што го организираа Македонската опера и балет и општина Гевгелија. Врвните македонски оперски првенци, Марјан Николовски, Ана Ројдева, Марија Наумовска, Никола Стојчески, во пијано придружба на Елена Сиљаноска, со радост изведоа најпознати светски арии, а публиката во Народниот театар во Гевгелија, како и од градоначалникот Сашо Поцков, долго аплаудираа. Со синоќешниот концерт почна реализацијата на новиот проект на МОБ, популарните арии да прошетаат низ Македонија, кој се реализира откако на чело на оваа значајна инстутуција, неодамна, застана вд генералниот директор, маестро Ќазим Асотиќ. Неговата идеја ќе биде спроведена во соработка со градоначалниците на другите општини, Валандово, Штип, Прилеп и други градови и места. Идејата е да се доближи оперската уметност до граѓаните на Македонија, особено од оние места од кои публиката не е во можност често да патува во Скопје, за да ги проследи ариите на сцената на МОБ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ