Тричасовна „Сесија за музичката сцена“ ќе се одржи во Лабораториум во Скопје на 30 април 2026 година, со почеток во 9:30 часот воорганизaција Канцеларијата за „Креативна Европа“ на Република Северна Македонија при Министерството за култура и туризам, во соработка со Пасворд продукција од Скопје.
Сесијата е дел од програмата на „Форумот за праведност во културната мобилност“ (29–30 април 2026), организиран од меѓународната мрежа „Во движење“ (On The Move), во партнерство со регионалната мрежа „Кооператива“.
Во рамките на сесијата ќе се отвори дискусија за тоа како музичките професионалци од Балканот можат да развиваат одржливи меѓународни кариери преку турнеи, настапи и соработка, со цел намалување на финансиските ризици и професионалното оптоварување. Воедно ќе бидат презентирани и можностите што ги нуди програмата „Креативна Европа“, како и клучните предизвици во секторот – вклучително поддршката за уметници и менаџмент, буџетирањето на турнеи и развојот на стратегии за извоз на музика.
Во контекст на Скопје – Европска престолнина на културата 2028, сесијата ќе ја истакне важноста на долгорочното планирање и стратешките инвестиции во музиката како значаен културен и економски сектор.
Програмата за музичката сесија може да ја најдете на следниов линк.

