Семејството на легендарниот американски актер Брус Вилис донесе тешка, но благородна одлука – по неговата смрт, неговиот мозок ќе биде дониран за научни истражувања. Со овој чин тие сакаат да придонесат во напредокот на истражувањата за фронтотемпоралната деменција (ФТД), сурова болест што ја прекина една од најпрепознатливите холивудски кариери и засекогаш го промени животот на едно семејство.
Веста за донацијата на мозокот, која одекна ширум светот, ја потврди неговата сопруга Ема Хемимг Вилис. Во својата неодамна објавена книга „An Unexpected Journey“, таа откри дека одлуката ја донеле заедно со семејството, вклучувајќи ја и поранешната сопруга Demi Moore и нивните пет ќерки. Целта била болната ситуација да се претвори во значаен придонес за медицината.
– Ова е емоционално тешко, но научно неопходно – објасни Ема, додавајќи дека се надеваат оти овој чин ќе им помогне на лекарите и научниците да ги разоткријат тајните на ФТД.
Научниците истакнуваат дека донациите на мозок се клучни за истражување на болести како фронтотемпоралната деменција. Проучувањето на мозочното ткиво им овозможува да ги анализираат промените на клеточно ниво – како абнормални протеини, генетски мутации и структурни оштетувања – кои не можат целосно да се детектираат преку скенирања или клинички набљудувања.
За семејството на Вилис, ова претставува деликатен, но неопходен чекор со надеж дека нивната лична болка ќе помогне во спасување на идни животи.

