домаЕКОНОМИЈАКинеските железници поставија рекорд: 24,8 милиони патници за еден ден

Кинеските железници поставија рекорд: 24,8 милиони патници за еден ден

Кинеските железници на 1 мај, по повод Празникот на трудот, превезле рекордни 24,8 милиони патници, што претставува најголем број на патници во еден ден досега.

Според официјалните податоци, се очекува и на 2 мај да има голем број патници – околу 19,7 милиони.

Поради зголемената побарувачка за патувања за време на празниците, некои железнички линии вовеле дополнителни возови. Така, линијата во Џенгџоу додала 140 нови патнички возови, а линијата во Ченгду дури 184.

Овој голем број патници покажува дека туристичкиот сектор во Кина се опоравува и има значајна улога во поттикнување на економијата, која се соочува со предизвици како слаба потрошувачка и пад на пазарот на недвижности.

Ф.С.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ