домаКУЛТУРАТеатар и ФилмНароден Театар Охрид со ретроспективна изложба и премиера за 15-годишнината 

Народен Театар Охрид со ретроспективна изложба и премиера за 15-годишнината 

Со ретроспективна изложба и премиера на театарската претстава -“Оркестар Титаник ” на 3ти јуни НАРОДЕН ТЕАТАР ОХРИД, ќе ја одбележи 15-годишнината од основањето на театарот.

Четириесет и шестата премиера, “Оркестар Титаник” по текст на Христо Бојчев, ја режира Андреј Цветаноvски, еден од оние режисери кои со секое ново гостување во Народен Tеатар Охрид, остава зад себе впечатливи и незаборавни постановки, кои одлично резонираат со Охридската публика и носат нова искуствена вредност во самиот ансамбл на Охридски. Токму затоа, ни претставува чест, што токму неговата постановка ќе го одбележи отворањето на јубилејната 15та година на НТО. Во претставата играат: Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Филип Кипровски, Верица Недеска и Томе Станковски.

Премиерата е закажана за среда, 3ти јуни, со почеток во 20.00, часот.

Истиот ден, со почеток во 19.30 часот во Галеријата при НУЦК „Григор Прличев“ Охрид  ќе биде отворена  и изложбата „Историска патека на театарски претстави“ каде посетителите ќе можат да искусат еден ретроспективен  времеплов, движејќи се низ деталите од впечатливи костими и сценографии од секоја една претстава што се одиграла во Народен Театар Охрид.

Сезоната 2026 се реализира со делегиран буџет, истата е дизајнирана во духот на јубилејот, а  се очекува да биде една од најпродуктивните сезони, со дури 6 продукции од кои 3 наменети за најмладата публика.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ